Уловени двајца Македонци на Нигериската граница кои илегално сакале да влезат во потрага по подобар живот

0
1

Несреќниците пробале границата да ја поминат претставувајќи се како министри од Македонија, но полицијата ги дознала одкако незнаеле да објаснат, како е можно да имаат повеќе од 25 години или да не работеле во право, медицина, технологија, земјоделство и воени тактики последователно, а да се Македонски министри.

Граничната полиција на границите со Камерун и Чад, јавуваат од Ројтерс, утрово го фатила дуото кое било во потрага, како што кажале, по подобар живот. Се зборува за двајца Македонци кои признале дека им досадила безперспективноста во Македонија, па пробале среќата да си ја пробаат во некоја држава чија економија не е меѓу десет најлоши во светот, а за Нигерија слушнале дека невработеноста, за разлика од Македонија, е под 80 проценти.

„Неможеше повеќе во Македонија. Се запиша на докторски студии за физика, но еднаш заборави да го сподели линкот на фејсбук кој му го пратија по e-mail од партија, па неможе да се вработи.“ – рече мајката на еден од илегалците насолзена во очите.

„Мојот Трајче сакаше одсекогаш да си отвори авто перална, но еден пријател му ја наполни главата со приказни, како во Нигерија, за разлика од Македонија, за да се започне бизнис треба да се подкупат само 150-тина луѓе.“ – изјави мајката на другиот паталец.

Не е ова прв случај луѓе да бегаат од Македонија било каде. Веќе Кинеските компании почнаа да се преселуваат во Македонија одкако виделе како, и за колку работеле неколку Македонци во потрага по подобар живот во Кина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here