Шилегов дежураше во Македонски железници и внимателно го следеше Snowpiercer

Градоначалникот Шилегов вчера до доцна во ноќта, беше во Македонски железници , каде со екипите на МЖ,  на мониторите внимателно го следеше филмот Snowpiercer за да добие идеа како да го опреми возот Кенеди за 4-месечно патување.

По неуспешниот експеримент за климатска промена кој ги изнервира граѓаните, градоначалникот реши да го опреми возот Кенеди и да патува на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Гостивар-Кичево и назад се додека надвор не запролети.

Од владата изјавуваат дека потребно е многу малце храна но затоа се потребни многу количини на бело, црвено, розе вино за преживување. Во возот ќе бидат сместени само луѓето што земаат над 1000 евра плата. 1 ноќ во возот ќе чини 100евра дознаваме од неофицијални извори.