Кавадарчани негираат – дрегерот беше расипан

Пијани биле сите што неодамна биле тестирани при излегување од дискотека во Кавадарци. Ваков податок изнесе кавадаречкиот градоначалник на седница на Советот.

“Вечерта кога излеговме во дискотеката побарав алкохолен пијалок по што шанкерите ми рекоа дека не служеле, кога се завртев приметив дека сите пијат салеб и топло чоколадо по што и јас порачав нескафе” – изјави Перо В’к жител од Кавадарци за утопија.

Откако интервјуиравме 20 лица кои вечерта биле на журката изјавија дека полицијата упаднала во локалот и откакo видела дека никој не пие алкохол излегла и ги пречекала пред локалот со расипан дрегер кој што покажувал измеѓу 0.5 и 2.8.

Кавадарчании сакаат пак да дуваат и бараат од полицијата да закаже средба со нив и да набават нов дрегер и да дуваат пак.

Дувањето го продолжива животот – Непознат полицаец од Кавадарци.2