До 2025 се очекува Мира да ги вработи сите граѓани на Република Македонија

Пратеничката го направи невозможното – за 3 дена го вработи синот, братот и го унапреди сопругот. Од блиски комшии познаници и пријатели на Мира дознаваме дека таа тајно успеала да ја вработи цела населба во која живее.


Коце (комшија) – И благодарам на пратеничката што ми помогна, јас сега сум вработен во влада иако платата не е многу голема изнесува само 1000 евра јас сум задоволен од атмосферата таму и се надевам дека пратеничката ќе успее во својата мисија (Вработи 2 000 000 жители до 2025).

Математичкиот тим на утопија неможеше да се воздржи и го зеде калкулаторот во свои раце, и откривме дека мира во денот вработува по 914 луѓе што значи до 2025 година Мира ќе вработи 2 000 000 жители (што е 99% од жителите во Р.М.).

Осмомартовскиот тим на утопија и испрати на пратеничката голем букет со цвеќиња од aliexpress кој треба да пристигне на нејзината адреса точно на 8ми март во знак на благодарност за тоа што сите ќе добиеме работа.

„Не е битно кого си вработил, битно е колку луѓе си вработил“ – Мира 2019