Берлин со милион евра ќе ги спасува техно клубовите, кај нас се организира Баскер Шабан Фест (ВИДЕО)

Берлинската техно сцена ќе добие помош од еден милион евра од локалната власт, за да се заштити светски познатата клупска култура на градот. Најголем дел од овие средства се наменети за подобрување на звучната изолација на клубовите, со цел да се намалат поплаките од локалните жители.

Додека кај нас владата одвои 10 000 денари за караоке звучници 5 000 денари за тон мајстори на истите и 150 000 денари за српски турбо изведувачи кои во 2019 интензивно ќе настапуваат низ плоштадите во Македонија и ќе го шират турбо фолкот.

Од министерство изјавуваат дека оваа инвестиција ќе го подобри животот на граѓаните кои ќе заборават на тешките и макотрпни изминати години со стиховите на турбо фолк изведувачите. Во продолжение погледнете го видеото на првиот изведувач на Баскер Шабан Фест (Јашар Ахмедовски).

„Кај нас државата ни е како МАЈКА, ти почнува животот тек од кога ќе излезиш од неа !“ – Непознат Автор