1000 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИЈА ЗА ЗГОЕНИ ПРАТЕНИЦИ

0
1

Сопствениците на кафани во околината на Собранието на РМ бараат државата да им плаќа дополнителни 700 до 1.000 денари за тешки пратеници, кои имаат над 120 килограми. Сегашната субвенција за глава пратеник до 110 килограми е 500 денари, а уште толку се плаќа и за пратеничка мајка.

“Оваа субвенција ја бараме за да не работиме со загуби во периодот после големите пости за Велигден и Бајрам или кога ќе ни надојдат повеќе од еден пратеник во кафаната во исто време. Во овој период трошоците за храна ни се многу големи, бидејќи пратениците само гнетат, и си одат без да платат.“ – изјави сопственикот на кафаната „Лесковац Трејд“ – Кајмакчо Скараџиќ, кој заедно со својата фамилија постанале вегани и се хранат со остатоците од ордеверот на пратениците за да му опстане бизнисот.

„Со помошта која ќе ја добијат од државата ќе можат да си ги покријат трошоците што ги имаат за храната. Ако државата ја одобри субвенцијата, тогаш на кафаните, тешките пратеници ќе може да им ги придонесат по цена од 70 денари за килограм жива мера. “, вели Велика Живкова, претседател на Асоцијацијата на сточари на Македонија. Според Живкова, над 80 отсто од трошокот кој го имаат кафаните за одгледувањето на пратениците отпаѓаат на ребра и бифтеци, кои последните неколку години се драстично поскапени поради намалениот увоз и растечки број на пратеници од соседните држави. Сопствениците напоменале дека во исклучителни случаи поднесувале трошоци и за повикување шлеп служби за транспорт на пратениците до дома.

Од Министерството за земјоделство велат дека го разгледуваат барањето на одгледувачите на пратениците, и ако се донесе одлука за исплата на бараната субвенција, таа ќе влезе во програмата за субвенционирање за 2019 година, за сите политичари, да се избегнат забуни и да не би се засрамиле сопствениците на кафаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here