Влатко Ѓорчев го заменува Liam Neeson во Taken 4

Влатко Ѓорчев на прес-конференција во Собранието јавно објави дека ја остава својата политичка кариера зад себе и дека ќе поднесе кандидатура за главна улога во филмот Taken 4.

vlatko gjorchev taken 4

Фановите на серијалот Taken позитивно ја прифатија веста и во моментов организираат петиција која ќе биде доставена и до режисерот и студиото кое стои зад филмот, за Ѓорчев да замине за Холивуд што е можно побрзо.

Ѓорчев ги убеди фановите дека е правиот актер за таа улога, интерпретирајќи ја најпознатата фраза од филмот “I will find you and I will kill you” на свој начин:

Jа знам цела Македонија, ги знам сите општини, ги знам сите градови, селата, населбите, улиците. Ќе појдам во секој град, ќе појдам во секој дом. Ќе појдам во секоја општина и секое населено место.

Оженет е со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина. Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година.